Bimek Skopje maticni kletki Makedonija, Бимек матични клетки Скопје Македонија Bimek Skopje maticni kletki Makedonija, Бимек матични клетки Скопје Македонија

Постави прашање:

 

Погледни ги сите новости

Инвестирајте во иднината на вашето дете

Достигнувања со матични клетки од крв од папочна врвца

Етаблирано со децении

Во 1988 беше докажано дека крвта од папочната врвца може да се користи за замена на оштетена коскена срж кај човекот. Оттогаш овие хематопоетски (крвни) матични клетки (HSC) станаа докажана терапија во третирањето на неколку крвни заболувања како леукемија (малигно заболување на крвта), анемија (недостаток на хемоглобин) и некои автоимуни заболувања (каде организмот ги напаѓа сопствените клетки).

Повеќе за достигнувањата »

Кои се болестите со кои денес се справуваме со помош на матичните клетки од папочна врвца?

Матични клетки - почетокот на животот

Матичнa клеткa, maticna kletka

Во мигот кога јајце клетка и сперматозоид ќе се спојат, сe зачнува новиот живот. Оплодената јајце клетка започнува да се дели, формирајќи двоклеточен ембрион. Овие две клетки натаму непрекинато се делат, така што по неколку недели ќе создадат зародишни пупки/зачетоци на органите на  новиот фетус. 

Зачудувачки е фактот, дека една единствена оплодена јајце клетка, ќе се развива и преку последователни непрекинати делби, ќе ги создаде различните типови на клетки и ткива, кои го изградуваат човековото тело. Природата го овозможила тоа, благодарение на присуството на матичните клетки. Откривањето на матичните клетки беше едно од најголемите достигнувања на модерната медицина.

Повеќе за матични клетки »

Вистини и митови

Вистини и митови за матичните клетки, Vistini i mitovi za maticnite kletki

Од првата успешна трансплантација со матични клетки од крв од папочна врвца во 1988 година до денес, направени се приближно 15.000 трансплантации. Во овој момент, околу 3.000 трансплантации се изведуваат секоја година што значи дека слободно можеме да зборуваме за медицински стандарди.

Но, независно од сите успеси и позитивниот развој на овој тип терапија, оваа тема се уште е предмет на дискусија од многу аспекти и често постојат недоразбирања.

 

 

Чувањето на матични клетки едноставно не вреди

Согласно денешните сознанија, медицинските експерти веруваат дека има голема веројатност детето да ги употреби сопствените матични клетки од папочна врвца подоцна во тек на животот. Станува збор за веројатност од најмалку 1/400 со  растечка тенденција.

Повеќе за вистини и митови за матичните клетки »

Сегашни терапии со  матични клетки

Два типа на терапевтски третмани

Постојат две основни групи на терапевтски третмани со матични клетки: автологна и алогена. При автологната терапија со матични клетки, кај пациентот повторно се користат неговите сопствени клетки. При алогениот третман, матичните клетки потекнуваат од друго лице.

Повеќе за терапии за матичните клетки »

Идни третмани со матични клетки

Медицината има големи очекувања од матичните клетки. Заради тоа, во моментов се одвиваат огромен број истражувања со различните типови на матични клетки и нивните терапевтски можности.

Регенерација на оштетеното ткиво

Употреба на матичните клетки- Идни третманиГолем дел од примената на матичните клетки влегува во доменот на “регенеративната медицина”. Регенеративната медицина претставува нов, оригинален пристап во медицината. Во нејзиниот фокус на интерес стојат обновувањето т.е. регенерацијата и репарацијата на различните ткива и органи, засегнати од одредена болест, процесот на стареење или трауматска повреда.

Регенеративната медицина ги користи сопствените потенцијали на телото или пак резервите од туѓ организам, а тоа се матичните клетки. Клеточна терапија претставува терапија, која користи човечки  клетки и ткива, наместо широко употребуваните, вештачки создадени лекови и материјали. Повеќето видови клинички терапевтски примена сеуште се експериментални и во фаза на експериментални и клинички студии, но изгледа дека им претстои светла иднина. Повеќе за терапии со матични клетки »

Зошто да ја одберете Cryo-Save?

- Cryo-Save е присутна во 38 земји на 3 континенти во светот и држи 50% од светскиот пазар, односно половина од сите родители ширум светот,  кои имаат сторирано матични клетки од папочна врвца, ја одбраа Cryo-Save како партнер од доверба.

- Cryo-Save е единствена банка во Македонија која има сертификат за ткивна банка што е неопходна акредитација за институција која професионално работи со изолација на клетки од ткиво од папочна врвца. Повеќе за Cryo-save и Би-МЕК » 

Зa Би-МЕК

- Би-МЕК, ексклузивен претставник на Cryo-Save во Македонија е компанија со долга традиција во здравствениот сектор во Македонија, зад која стои крајно професионален тим на соработници.

- Во Македонија, услугата за криопрезервација на матични клетки од папочна врвца е достапна на сите идни родители ширум целата наша држава веќе две години.

- Би-МЕК има спроведено комплетна обука на стручниот персонал во сите болници и раѓалишта низ Македонија за начинот на подготовка и колекција на примерокот.

Повеќе за Би-МЕК »

Процедура и цена

Веднаш по породувањето и пресекувањето на папочната врвца, преку една безбедна, едноставна и безболна постапка, акушерот ќе земе одредено количество крв од папочната врвца (Cryo Cord). Овој примерок веднаш ќе биде ставен во стерилниот сет за колекција.

Во случај родителите да се одлучиле за комбиниран пакет (Cryo Cord +), по колекцијата на крвта, се пристапува кон колекција на фрагмент од папочната врвца, во должина од околу 15 цм.

Веднаш по завршување на постапката, потребно е да се извести Би-МЕК, Скопје. Сетот за колекција ќе биде превземен од страна на овластено лице од Би-МЕК и со лиценциран меѓународен сервис за транспорт веднаш ќе биде доставен директно до лабораториите на банката за матични клетки - Cryo-Save во Брисел. Таму примерокот ќе биде превземен, тестиран и подготвен за натамошна обработка.

Повеќе за процедурата и цената »